
ШКЕНДИЈА ПРОТИВ РОЗЕНБОРГ ВО ТРЕТ ОБИД ЗА ПЛАСМАН ВО ЛИГА ЕВРОПА
Шкендија по трет пат во клупската историја има шанса да се пласира во фазата по групи во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА,Лига Европа.После елиминацијата од Гент во 2016,двомечот со Милан од мината сезона кој очекувано заврши со убедлив триумф на италијанскиот гигант,Шкендија има нова можност за подолг престој во Европа како втора македонска екипа после Вардар со место во групната фаза.Последна пречка за Шкендија е норвешки Розенборг.Откако синоќа финишираа реванш натпреварите од 3.коло квалификации,Розенборг само го потврди пласманот во плеј-офот со убедливи 3-0 против ирскиот претставник Корк Сити и со вкупни 5-0 закажа пресметка со македонскиот првак.Претходно ,Шкендија влезе во баражот за Лига Европа после елимицијата од Салцбург во 3.коло квалификации за ЛШ.Екипата од Тетово загуби со 3-0 на гостински терен и минимално со 0-1 на реваншот во Македонија.25-кратниот шампион на Норвешка е домаќин на првиот натпревар со Шкендија закажан за 23 август.Реваншот во Скопје ќе се игра седум дена подоцна.