СТАРТУВА 88 СЕЗОНА НА ’’ПРИМЕРА’’

Со натпреварите  Џирона-Ваљадолид  и Бетис-Леванте вечерва почна  новата сезона во Шпанското фудбалско првенство.Титулата во 88 издание на популарната Примера ја брани  Барселона.Каталонците предводени од новиот капитен Лионел Меси,утре вечер на Камп Ноу го пречекуваат Алавез. Најтрофејниот шпански клуб  Реал Мадрид кој  минува низ период на транзиција после ерата на Роналдо и Зидан, в недела  е домаќин на Гетафе.Вицепрвакот Атлетико Мадрид  има најтешка задача во 1.коло . Актуелниот победник од  Супер купот на Уефа во понеделник  гостува   кај амбициозната Валенсија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ