ФИФА РАНГ ЛИСТА: ФРАНЦИЈА Е НОВИОТ ЛИДЕР,МАКЕДОНИЈА НА 70.МЕСТО

Македонската фудбалска репрезентација бележи прогрес на денешната ранг листа на Фифа и се наоѓа на 70 .место што е скок од едне  позиција во однос на јулскиот распоред или поместување за три места од почетокот на 2018 година.Од противниците на Црвено-жолтите  во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија која е  29 позиција зад  Македонија,Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на 195. место.Нов лидер на Светската листа е  Франција.Триколорите   бележат  скок од шест позиции како резултат на мундијалската титула. На втората позиција Белгија го замени Бразил.Финалистот на СП Хрватска, направи  скок од дури 16 места се најде на четвртата позиција.Во ТОП 10 се наоѓаат и: Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.После  дебаклот на Мундијалот во Русија,Германија која беше лидер  во претходното рангирање падна на 15. место.Покрај Германија,надвор од топ 10 се  Аргентина на 11 место и  Полска која сега  е 18-та.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ