
ЕХФ ШАМПИОНАТ У 18:МАКЕДОНИЈА СУПЕРИОРНА ПРОТИВ ЕСТОНИЈА
Македонската ракометна репрезентација за играчи до 18 години ја извојува петтата победа од групната фаза на ЕХФ шампионаот во Грузија.Екипата што ја предводи Данило Брестовац денеска ја надигра Естонија со 26-22 за потврда на 1.позиција и местото во полуфинале,обезбедно претходно,по триумфот над Швајцарија. Симоноски со седум голови беше најефикасен во составот на Македонија пред Костески и Џигероски кои реализираа по четири погодоци. Голманот Василевски имаше 10 обрани..Во полуфиналето Македонија ќе игра со Италија или Белорусија.