Стеауа е последниот учесник во СЕХА-лигата

Екипата на Стеауа е последниот 10-ти учесник во СЕХА-лигата за сезоната 2018/2019.

Од регионалното натпреваруње во однос на лани се откажаа словенечките тимови Горење Велење и Целје.

На нивно место освен романска Стеауа, која дебитира во СЕХА, кам-бек во лигата прави и Извиѓач од Босна и Херцеговина. Во СЕХА сезонава ќе дебитира и амбициозниот српски прволигаш Железничар, кој е предводен од тренерот Веселин Вујовиќ, како вицешампион на Србија.

Од староседелците тука се актуелниот првак Вардар, Металург, Загреб, Нексе, Татран Прешов, Брест Мешков и Војводина.

Новата осма сезона во СЕХА започнува на 28 и 29 август, а распоредот иако дополнително треба да биде објавен, во 1.коло најверојатно ќе се сретнат македонските ривали Вардар и Металург.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ