Костески со гол во последната секунда и обезбеди полуфинале на Македонија

Македонските ракометари до 18 години ја совладаа селекцијата на Фарски Острови и обезбедија полуфинале на ЕХФ-шампионатот во Грузија.

Момците на селекторот Данило Брестовац славеа со 30-29 во драматична завршница, буквално во последната секунда.

Најпрво голманот Марко Кизиќ одбрани пенал на противникот и ја спаси Македонија од пораз, а потоа во последните секунди погоди Ненад Костески за трета победа на нашата репрезентација на исто толку натпревари во групата.

Мартин Серафимов заврши со девет гола како најефикасен во нашиот табор, хероојот Костески додаде шест, додека голманот Кизиќ имаше 13 интервенции.

Македонија сега има вкупно шест освоени бода на две кола до крајот и теоретски е во полуфиналето. Утре играме против Швајцарија, која исто така е една од фаворитите да ни се приклучи во полуфиналето, а во последното коло играме против аутсајдерот Естонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ