
Младите ракометари со втора победа на ЕХФ шампионатот во Грузија
Македонската ракометна репрезентација до 18 година ја оствари и втората победа на ЕХФ шампионатот во Грузија, откако денеска го совлада Луксемург со 31-25.
Момците на селекторот Данило Брестовац играа топло-ладно во првиот дел, па на паузата резултатот гласеше 14-14. Некаде кон средината на второто полувреме го скршивме отпорот на Луксембург, кога се издвоивме на 22-18.
Македонија потоа дојде и до највисоката предност од шест голови, па до крајот играше само рутински за конечни 31-25. Најдобар стрелец во нашиот тим беше Ненад Костески со девет погодоци.
По вчерашната победа над Литванија од 32-20, Македонија се промовира како еден од кандидатите за пласман во полуфиналето, но не очекуваат уште три натпревари во групата со Естонија, Фарски Острови и Швајцарија.