Динамо Загреб одби пет милиони евра за Адеми

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми засега останува во редовите на Динамо Загреб.

Хрватскиот тим ја одби и втората понуда од Лил за фудбалерот од средниот ред во висина од пет милиони евра.

„Модрите“ не сакаат така лесно да се откажат од својот капитен и еден од најдобрите фудбалери во тимот. Адеми за Динамо вреди многу повеќе, па веројатно ќе биде продаден ако за неговите услуги дојде финансиски далеку подобра понуда.

Фудбалерот веќе осум години е дел од Динамо, а претходно играше и за екипата на Шибеник. За македонската фудбалска репрезентација настапи на пет натпревари и има постигнато два погодоци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ