Давитков останува на клупата на Македонија

Македонската кошаркарска федерација објави дека Јорданчо Давитков ќе остане на клупата на машката сениорска репрезентација и во иднина и ќе го предводи нашиот национален тим во претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година.

Куќата на кошарката најпрво сакаше обемни 40-дневни подготовки пред семптемвриските натпревари со Косово и Романија, по што реагираше клубот на Давитков, Ал Кадсија. Оттаму не дозволуваа Давитков да отсустува топкав период од клубот, па селекторот и федерацијата беа блиску да се разделат.

Од МКФ денеска објавија дека подготовките на кошаркарите пред септемвриските натпревари ќе траат точно две недели и дека Давитков ќе остане до крајот на квалификацискиот циклус. Првиот собир на сениорската репрезентација ќе се одржи на 31. август.

Во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 се среќаваме со Косово 13.септември на гостински терен и со Романија на 16. септември на домашен паркет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ