ЕХФ ШАМПИОНАТ У 20: МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ БЕЛОРУСИЈА И СЕ ВРАТИ ВО А ДИВИЗИЈА

Македонската селекција  на ракометари до 20 години триумфираше на ЕХФ шампионатот со победа во финалето над Белорусија   од   29-23. Најдобрата партија на турнирот во Скопје,младинците ја имаа  во завршниот меч.Извонредниот почеток на Македонија во СЦ Борис Трајковски го одреди и текот на финалето против белорусите.Неочекуваните 15-10 на полувремето , тимот на селекторот Данило Брестовац го искористи за диктирање на темпото во вторите 30.минути каде со  дисциплинирана игра е остварена целта,победа и пласман во А дивизијата.Танкоски постигна 8 голови,Јагуриновски 7 ,Шилегов и Арсеновски по 6 погодоци.На голот Петковски имаше 14 одбрани.  Наредната година,македонските младинци ќе учествуваат на ЕП-во.Титулата ќе ја брани Словенија која  во денешното финале од шампионатот на А дивизија  ја совлада Франција со 31-30.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ