ФОРМУЛА 1: ХАМИЛТОН ПОБЕДИ НА ХУНГАРОРИНГ

Британецот Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес имаше перфектен викенд во Унгарија.Актуелниот светски шампион во Формула 1 ја искористи пол позицијата и после стартот беше недопирлив за конкурентите од Ферари.Себастијан Фетел заврши на 2.место со заостанување од преку 17 секунди.Првата виолона на Ферари имаше погрешен тајминг за пит стоп во 40 круг ,лоша тактика која заедно со бавната реакција на механичарите го оддалечија од борбата за победа. Фетел се врати на патеката зад Валтери Ботас.Клупскиот колега на Хамилтон влезе во колизија со Фетел бранејки ја втората позиција,потоа и со Рикардо и наместо еден два за Мерцедес заврши на 5.место зад пилотот на Ред Бул .Подиумот во Хунагоринг го комплетираше Кими Раиконен од Ферари.Во пласман за бодови влегоа уште Гасли,Магнусен,Алонсо,Сајнц и Грожан.После петтиот триумф сезонава,шести  во Унгарија и вкупно 67 во кариерата,Хамилтон се оддалечи на 24 бодови пред Фетел во поредокот на возачи.Кај конструкторите после 12 трки води Мерцедес со 345 бодови,10 повеќе од Ферари.Наредната, 13 трка од сезоната ќе се вози во Белгија на 26 август.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ