
ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО УНГАРИЈА
Возачот на Мерцедес ,Луис Хамилтон најдобро се прилагоди на променливите временски услови на патеката Хунгароринг и ја освои првата стартна позиција за 12 трка од СП во Формула 1.Британецот по петти пат сезонава е најбрз во квалификациите а за 77 пол во кариерата беше подобар од клупскиот колега Валтери Ботас за 2,5 десетинки.Следните две позиции ги освоија пилотите на Ферари,Кими Раиконен и Себастијан Фетел.Од третиот ред на Хунагоринг ќе стартуваат Карлос Сајнц Јуниор со Рено и Пјер Гасли во болидот на Торо Росо. Во пресрет на Унгарското Гран При,актуелниот светски првак Луис Хамилтон е лидер во поредот на возачи со 188 бодови,17 повеќе од Себастијан Фетел кој не ја заврши трката во Германија.