ТИТЕ ЌЕ ГО ВОДИ БРАЗИЛ И НА СП ВО КАТАР

Тите останува на селекторската функција во Бразилската фудбалска репрезентација.57 годишниот Аденор Леонардо-Тите ќе ги предводи бразилците до 2022 година иако на Мундијалот во Русија  не го постигна очекуваниот успех.Бразил,петкратен светски шампион  ја мина групната фаза без пораз,во осминафиналето го совлада Мексико со 2-0 и стигна до четвртфиналето  каде беше поразен од Белгија  со 2-1.Тите го наследи на функцијата Карлос Дунга во 2016.Тој е поранешен тренер на Коринтијанс,Гремио,Палмеирас,Интернасионал и уште неколку бразилски клубови како и екипи од Емиратите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ