ЕХФ ШАМПИОНАТ: МЛАДИНЦИТЕ РЕМИЗИРАА СО ИТАЛИЈА

После убедливата  победа над Велика Британија на стартот од ЕХФ шампионатот во Скопје за играчи до 20 години,вечерва во 2.коло од групата Б,Македонија одигра  реми 27-27 со Италија.Резултат  што ги оддалечи младинците од 1.место во групата но ги остава во игра за полуфинале.Мечот со Италија донесе неочекувано изедначена игра.На паузата од  полувремето  ракометарите што ги води селекторот Данило Брестовац имаа водство од 13-12.Во почетокот од вториот дел ,Македонија се избори за 16-13,но не   успеа да се одржи во предност.Италија влезе во ритам и во завршницата,нашите младинци се спасуваа од пораз,со прециозниот удар од 7 метри на Шилегов.Утре Македонија игра со Швајцарија, водечка  селекција во групата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ