
ЕП ВО КОШАРКА Б ДИВИЗИЈА У20: МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ АЛБАНИЈА
Македонска машка селекција за играчи до 20 години денеска ја поразија Албанија со 77-69 во разигрувањето од 9 до 16 место на ЕП од Б дивизија чиј домаќин е Софија.Македонските младинци одлично го отворија мечот и првата четвртина ја завршија со 27-16, полувремето со 43-39.Во изеднечениот втор дел,првите 10 минути му припаднаа на противникот а завршните со 23-15 на тимот што го води селекторот Никола Василев . Најефикасен во победата беше Виктор Ефремовски со 20 поени.Македонија се избори за третиот триумф на шампионатот по кој продолжува во борба за пласман до 9 .место.