Заев: Aко успее референдумот отворена е опцијата за предвремени избори

Премиерот Заев очекува до крајот на неделава да се постигне договор за избор на ДИК и заедно со сите политички партии да го дефинираат референдумското прашање и датумот на одржување. Доколку работните групи не се усогласат, не е исклучена можноста од лидерска средба. Барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени  парламентарни избори може да се разгледува, но само доколку успее реферндумот, вели Заев.

Заев останува на ставот да се повлече од функцијата премиер на 100 дена пред избори. Во моментов не гледа причина за техничка влада според Пржинскиот договор, но доколку ВМРО-ДПМНЕ инсистира тогаш можно е да се преговара.

ВМРО-ДПМНЕ порача дека Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ кога ќе раскрсти со остатоците на политичките транзиционери кои ги окупираат владините кабинети, а тоа може да се случи само со предвремени избори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ