ЗАВРШИ СП ВО РУСИЈА,СЛЕДНА ДЕСТИНАЦИЈА КАТАР

После еден месец,одиграни 64 натпревари ,синоќа во Москва заврши 21-то СП во фудбал.Од 32 селекции учеснички,до завршницата стигнаа Франција и Хрватска а Триколорите во еден од најефикасните   мундијалски финални натпревари со 4-2 ја поразија  Хрватска.

Втората фудбалска круна,французите ја прославија  низ целата земја со  навивачки епицентар во Париз.Во еуфоријата имаше нереди и две жртви како што пренесуваат агенциите. После 1998 Франција се врати на фудбалскиот трон. Дидие Дешамп,предводникот на Триколорите е третиот селектор после Загало и Бекенбауер  кој освоил  СП-во и како играч.Членот и на првата златна француска генерација  изјави:

Неверојатно ,оваа генерација заслужи.Знаевме дека ќе има голема битка и сосема заслужено може да се наречеме Светски прваци,Ја научивме лекцијата од пред две години.

Слави и Хрватска горда  на своите фудбалери кои немаа среќа на Лужники во Москва.Селекторот Златко Далиќ истакна дека култот  на селекција е вратен.

Игравме добро,контролиравме во првите 20-ти на минути и тогаш од сомнителен прекршок примивме автогол.Брзо изедначивме но  во екот на нашата сила се случи тој корнер и пенал  после кој беше тешко да се вратиме.

Финалето понуди 6 погодоци,еден автогол,употреба на Вар технологија и  пенал. Маџукиќ регираше несреќно по Хратска во 18 минута за предност на Франција.Коцкестите одговорија  брзо и ефектно  во 28-та  преку Перишиќ. Франција доби пенал кој во финишот на првото полувреме го  реализираше Гризман за 2-1.Перформансите на Погба и Мбапе во 59 и 65 минута ја доближија Франција до втората фудбалска  круна а грешката на голманот  Лорис што ја искористи Манџукиќ во 69.минута  немаше поголемо  влијание во финишот.

Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер на шампионот.Мбапе после Пеле е најмладиот стрелец во финале  на мудијалите.Најефикасен на турнирот е  напаѓачот на полуфиналистот Англија Хари Кејн  со 6 голови. Тибо Куртоа од  бронзената Белгија  е најдобриот голман.Дали во Катар ќе продолжи доминацијата  на Европските селекции кои владеат  во светскиот фудбал од 2006 , ќе биде познато по 4 години и веројатно потрошени многу повеќе од 14 милијарди долари  колку   што ја чинеше Русија беспрекорната организација на шампионатот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ