
Франција е светски шампион, триколорите со 4:2 ја победија Хрватска во финалето
Франција ја замени Германија на Светскиот фудбалски трон.Триколорите со 4-2 ја поразија Хрватска во финалето ,ја заверија втората титула во репрезентaтивната историја и го урнаа сонот на хрватите за мундијалско злато.
Третото финале во историја на Светските првенства кое заврши со 6 голови по основните 90 минути,подобро го отворија французите.Автоголот на Манџукиќ во 18 минута донесе водство за Франција. Хрватска брзо и ефектно одговори во 28-та преку Перишиќ,но со помош на Вар технологија ,Франција доби пенал кој во финишот на првото полувреме го реализираше Гризман за 2-1.Перформансите на Погба и Мбапе во 59 и 65 минута ја доближија Франција до втората фудбалска круна а грешката на голманот Лорис што ја искористи Манџукиќ во 69.минута немаше поголемо влијание во финишот.Хрватска не успеа да ја победи Франија но направи чекор подалеку од 1998 кога заврши на 3.место.Сенка на беспрекорната организација на турнирот фрли инцидентот во второто полувреме.Група навивачи влета на теренот и го принуди обезбедувањето на брза реакција.
Лука Модрич ја доби Златната топка за најдобар фудбалер на Мундијалот.Килијан Мбапе е најдобриот млад играч,Тибо Куртоа од Белгија е најдобриот голман во изборот на ФИФА.Следното, 22. СП во фудбал ќе се одржи 2022 година во Катар.