Ѓоковиќ преку Надал до финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на Виммблдон за прв пат по 2015 година, откако во пет сета го совлада својот голем ривал Рафаел Надал, во меч кој траеше два дена.

Нивниот епски дуел започна вчера и заврши некаде пред полноќ, а Србинот имаше водство од 2-1 во сетови.

Денеска Надал отвори многу подобро и го израмни резултат откако во четвртиот сет славеше со 6-3. Во петтиот решавачки сет Ѓоковиќ славеше со 10-8 во гемови.

Српскиот тенисер утре против Кевин Андерсон ќе ја бара својата четврта титула на Вимблдон или вкупно 13-та на грен слем турнирите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ