ВИМБЛЛДОН 2018: АНДЕРСОН ГО ДОБИ ПОЛУФИНАЛНИОТ МАРАТОН СО ИЗНЕР

Кевин Андерсон по втор пат во кариерата се избори за Грен слем финале.32 годишниот Јужно африканец го победи американецот Џон Изнер со 3-2 во сетови, во најдолгиот полуфинален меч во историјата на Вимблдон.Тенисерот кој во претходното коло го елиминираше првиот фаворит на турнирот,Роже Федерер,успеа после 6 часа и 35  минута игра  на Ол Ингалнд клубот да излезе на крај со  осмиот носител.Решавачки беше 49 гејм во петтиот сет.Андерсон направи брејк и со успешен сервис затвори со 26-24.Стилот на  двометрашите со проверен шаблон, продуцираше преку 100 аса,49 за Андерсон ,53 за Изнер,со одлична статистика на првиот сервис на двете страни .Во финалето,Андерсон го очекува победникот од тениската класика,Надал-Ѓоковиќ кои влегоа во 52 меѓусебен  дуел.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ