
ДАВИТКОВ ЗАСЕГА ОСТАНУВА НА КЛУПАТА КАЈ СЕНИОРИТЕ,СЕ БАРА РЕШЕНИЕ СО МКФ
Јорданчо Давитков ќе остане на селекторската функција кај сениорите ако со најде компромис со Македонската кошаркарска федерација помеѓу неговите клупски обрски и планот на подготвки за наредниот квалификациски циклус.
После успешниот прв претквалификациски циклус за ЕП во 2021 година,Македонската кошаркарскта селекција се соочува со проблеми пред вториот квалификациски прозорец.Селекторот Јорданчо Давитков поради обрските кон неговиот клуб Ал Кадсија од Кувајт не може во целост да одговори на обемните 35 дневни подготовки со репрезентацијата во почетокот на клупска сезона,но и тој и од КФМ се надеват дека ќе се најде решение.
Одигравме добар циклус, се пласиравме во следната рунда од претквалификациите за ЕП 2021 што беше главната цел. Во тие, натпревари, со исклучок на последниот, се врати тимскиот дух во репрезентацијата. Оваа прес-конференција е на моја иницијатива за да нема некои непроверени информации и шпекулации. Термините на ФИБА и во јуни и сега во септември не можам да ги разберам. Уште по завршувањето на првенството во Кувајт имав разговори со луѓето во клубот. Барав од нив да бидам слободен во февруари и ноември и беше се в ред. Ме пуштија во февруари, беше се договорено за ноември, но доаѓа септемврискиот циклус каде треба цел август да бидеме на подготовки. Во разговор со челниците добив дозвола да бидам со репрезентацијата, но најмногу 20 дена. Ако имаме подготовки од 35 дена е тешко и нереално да се очекува дека клубот ќе ме пушти. Најлесно е да кажам заминувам и ви благодарам за се, но мислам дека бев должен пред сите вас да ја изложам целата ситуација. Постојат две опции: првата е да имаме подготовки од 35 дена, а втората е играчите да се подготвуваат со своите клубови, а да почнеме подоцна и заедно да бидеме околу 20 дена. Сите заедно ќе се договориме што ќе правиме. Што се однесува до противниците во претквалификациите, Косово ни е должник и треба да се реваншираме, а Романија е солодна екипа. Ако сме комплетни, верувам во успех – истакна Јорданчо Давитков на денешната прес конфернција.
Цел на Федерацијата е да се да овозможат најдобри можни услови на кошаркарите за победа. Целта е да створиме победничка атмосфера, тоа било цел до сега, а тоа ќе биде и во иднина. Но, се случува во одредени категории во кои играчите го чувствуваат играњето за Македонија како терет. Нема никого да тераме со сила да игра, тоа треба да биде привилегија и чест. Во наредните неколку дена ќе ги дефинираме сите работи и ќе излеземе со официјален став. Се надевам дека ќе останеме во ист состав и дека со клубот ќе дојдеме до договор и ќе имаме нормални припреми. Репрезентацијата треба да биде приоритет за сите нас – изјави Спортскиот Директор на МКФ, Владимир Темелковски.
Косово и Романија се противниците на нашиот нацонален тим во вториот претквалификациски циклус кој почнува на 13 септември со гостување во Приштина а три дена подоцна,Македонија ќе ја пречека Романија. Директен пласман во квалификациите за ЕП во 2021 година ќе обезбеди само победникот во групата.