
Реприза на финалето од 2016: Кербер и Вилијамс за титулата на Вимблдон
Анџелик Кербер стигна до своето второ финале на Вимблдон, откако денеска ја совлада Јелена Остапенко во два сета со по 6-3. Летонката која, ја освои титулата на Ронал Гарос во 2017 година, играше во своето прво полуфинале на Вимблдон.
Кербер играше во финалето во 2016 година против Серена Вилијамс и сега ќе има шанса за одмазда, бидејќи Американката успешно мина преку Џулија Гергес во полуфиналето. Вилијамс славеше со 2-0 по сетови со 6-2 и 6-4.
За Американката ова ќе биде десетто финале на Вимблдон и ќе ја бара осмата титула.