СП РУСИЈА:ФРАНЦИЈА ПРВ ФИНАЛИСТ,ВЕЧЕРВА ПОЛУФИНАЛЕН ДУЕЛ НА ХРВАТСКА И АНГЛИЈА

Англија има шанса да го повтори успехот од  1996-та,Хрватска да направи чекор напред  од СП во Франција кое се одржа пред две децинии.Второто полуфинале на Мундијалот во Русија ќе донесе пресметка помеѓу младиот, полетен состав  на Герет Саутгејт и на искусните хрватски репрезентативци.Англија изненади со стилот на игра и според аналитичарите може да се прилагоди на секој систем ,но клучно за нив ќе биде да го  оневозможат  моторот на хрватите Лука Модриќ.Златко Далиќ верува дека  екстра напорот на неговите играчи  кои во елиминациските натпревари против Данска и Русија  минаа повеќе време на терен од англичаните, нема да се почувстува кога судијата Чакир  во 20 часот ќе означи почеток на  фудбалската битка на Лужники во Москва.

Синоќа на првото полуфинале,Франција со 1-0 ја порази Белгија.Светските шампиони од 1998 година  продолжија по патот на успехот а Белгија која имаше извонредна победничка серија не ја искористи историската шанса  за прво  мундијалско финале.Талентираната  генерација на Белгија не успеа да обезбеди предност во првите 30 минути.Во продолжение, Триколорите  ја стабилизираа играта и преку  Умтити во 51 минута реализираа за финале.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ