ВИМБЛДОН 2018: ФЕДЕРЕР И НАДАЛ ИЗБОРИЈА ЧЕТВРTФИНАЛЕ

Водечките светски тенисери  Рафаел Надал и Роже Федерер  изборија пласман помеѓу најдобрите осум на Грен Слемот  Вимблдон.Првиот носител на турнирот,  Роже  Федерер без загубен сет во мечот со Адријан Манарино се проби до  четврфиналето.  Осумкraтниот шампион на  турнирот, рутинирано  со 6-0,7-5 и 6-4 го совлада французинот  за 32 добиена сета по ред на Ол Ингланд клубот каде и ја брани титулата.За место во полуфиналето,првиот носител ќе игра со  Кевин Андерсон.Јужно африканецот со 3-1 ја доби пресметката  со Гаел Монфис.И вториот носител во Лондон кој е број 1 на АТП листата,Рафаел Надал одигра четвфртинале во три сета.На другата страна од мрежата ,шпанецот го имаше чехот Весели  кој после загубените два сета со по 3-6 , пружи отпор во третиот кој заврши со 6-4 за Надал .Шпанецот го очекува Дел Потро или Симон во следниот меч.Во последното осминафинале, противници се Ѓоковиќ и Качанов. Победникот ќе се сретне со Кеи Нишикори во следната фаза на турнирот.Претходно, Милош  Раонич и Џон  Изнер закажаа четвфинале.Раониќ беше подобар од Мекдоналд,Изнер од Циципас.

Кај дамите заврши комплетната осминфинална програма  со неславен биланс за фаворитките.По елиминацијата на седмата , Каролина Плишкова за прв пат во историјта на Вимблдон  нема ниту една од топ 10 носителките во четvрфинале.Плишкова загуби во два сета од Бертенс.Пласман во четврфиналето обезбедија уште Серена Вилијамс , Џорџи ,Касаткина, Макарова,Цибулкова ,Остапенко,Гергес  и Кербер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ