Бразил пресилен за Мексико: Нејмар и Фирмино обезбедија четвртфинале (ВИДЕО)

Бразил се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, откако попладнево го совлада Мексико со 2-0. Мексиканците ниту на петиот натпревар против „кариоките“ на Мундијалите не постигнаа гол. Сега петкратниот светски првак има четири победи и само едно реми без голови во меѓусебните дуели со Мексико, за кого ова беше седма елиминација во осминафиналето по ред на Светските првенства.

Бразил го скрши отпорот на противникот во второто полувреме. Прво погоди Нејмар во 51-та по одличната асистенција на Вилијан. Точка на победата стави Роберто Фирмино во 88-та минута само кратко откако влезе во игра, а овој пат во улога на асистент се јави Нејмар. Да не беше голманот на Мексико, Гиљермо Очоа, победата на Бразил можеше да биде уште поубедлива.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ