СП РУСИЈА: ШВЕДСКА И МЕКСИКО ВО 1/8 ФИНАЛЕ,ЕЛИМИНАЦИЈА НА ГЕРМАНИЈА

Јужна Кореја приреди сензација со победа и елиминација на  Германија во последното 3.коло од натпреварите на Ф групата.Корејците славеа над шамионот од 2014 со 2-0 а по триумфот на Шведска над Мексико од 3-0,Шведска и Мексико се пласираа во осминафиналето.Пo  двете неубедливи партии  против Мексико и Шведска во првите две кола, дененска  на Казан Арена на Германија и требаше и минимална победа за да обезбеди пласман во осминафиналето, После  пропуштените  шанси во вториот дел, пристигна голема казна во судиското надополнување. Ким погоди за 1:0 во 93-та минута откако беше прегледана спорна офсајд ситуација со ВАР системот, а шокот го потврди Сон три минути подоцна откако и Нојер се префлри  на противничката половина.Германија за прв пат во историјата на СП-ва, не успеа да ја мине групната фаза.

Шведска со победа  од 3-0 над Мексико во Екатерингбург го освои 1.место во групата.Головите за скандинавците ги реализираа  Аугустинсон во 50.Гранквист во 62 од пенал а во 74 минута Алаварез постигна автогол.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ