
СП 2018: УРУГВАЈ ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО РУСИЈА
Фудбалерите на Уругвај ја совладаа Русија со 3-0 и го освоија 1.место во А групата на СП во фудбал каде денеска почнаа натпреварите од последното 3.коло на групната фаза.Двете селекции влегоа во пресметка на стадионот во Самара со по 6 бодови и загарантиран пласман во осминафиналето,но Уругвај го заврши разигрувањето во групата со максимален ефект. Јужно американската селекција го изненади домашниот состав на турнирот со два гола во 1.полувреме.Суарез во 10. минута го отвори резултатот а во 23-ta Черишев постигна автогол.По исклучувањето на Смолников во 36. минута,Русија беше со играч помалку на теренот а Кавани во финишот само ја потврди третата победа на Уругвај.
На мечот помеѓу аутсајдерите во А групата, Саудиска Арабија го победи Египет од 2-1 со голот на Салем во судиското продолжение. С.Арабија го освои третото место и заврши пред Египет.
Египет поведе во 22 минута со голот на Салах, а изедначи С.Арабија преку Салман во 45+6 минута .
Од 20 часот ќе почне и развсрката во групата Б,играат Шпанија-Мароко и Иран-Португалија. Шпанија и Португалија имаат по 4 бода,еден повеќе од Иран.