
СП РУСИЈА: БЕЛГИЈА ОСМИНАФИНАЛИСТ,МЕКСИКО БЛИСКУ ДО СЛЕДНАТА ФАЗА
Белгија е петта селекција која избори осминафинале по некомплетното 2.коло од СП во Русија.После стартните 3-0 против Панама,попладнево во Москва,Белгија со 5-2 го надигра Тунис.Фаворитот го искористи пеналот на Азар и стигна до водствсо уште во 6. минута.Лукаку ја зголеми предноста на Белгија во 16 минута, а надеж за Тунис во таа фаза од мечот овозможи Бронин две минути подоцна.За предност од 3-1 на полувремето се погржи повторно Лукаку.Во продолжение, Азар зголеми на 4-1 во 51 минута.Батшуаји во 90-та погоди за 5-1 а најефикасниот меч на мундијалот во Русија го заврши Казри во 93-та за финални Белгија-Тунис 5-2.Утре во вториот натпревар од групата Г, Англија игра со Панама. На табелата,Белгија има 6 бода, Англија 3 и натпревар помалку, а Панама и Тунис се без бодови.
Во групата Ф,Мексико со 2-1 ја совлада Јужна Кореја.Мексико поведе со 1:0 во 26-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Карлос Вела.Во вториот дел прецизен беше Хавиер Хернандес и во 66-та минута донесе водство од 2:0.Јужна Кореја со голот на Сон Хеунг-Мин успеа да ја намали разликата во судиското продолжение и во 93-та минута ги постави конечните 2:1.Од 20.00 ќе играат Германија-Шведска.Мексико е прв во групата со 6 бодови,Шведска има 3,Герамнзинија и Јужна Кореја се без бодови.