
Мароко не заслужи пораз, но Португалија го имаше Роналдо (ВИДЕО)
Кристијано Роналдо повторно беше човек на одлука за Португалија.
Со неговиот единствен гол, постигнат уште во четртата минута од натпреварот, европскиот шампион го совлада Мароко со 1-0 и го елиминираше од понатамошните борби за место во нокаут фазата на Светското првенство.
Ова беше втор несреќен пораз за Мароканците, откако во првото коло загубија од Иран со автогол во судиското продолжение.
Избраниците на селекторот Ерве Ренар, одиграа одличен натпревар со многу шанси за гол, но едноставно немаа реализација за да извлечат поповолен резултат.