
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП:РАКОМЕТАРКИТЕ ВО ГРУПА СО ИСЛАНД И ТУРЦИЈА
Женската ракометна селекција на Македонија немаше добра ждрепка во Глазгов.Во првиот дел од квалификациите за СП во Јапонија,националниот тим повторно е во конкуренција на Исланд но и на Турција и Азербејџан.Пласман во плеј-офот или баражот обезбедуваат само победниците од 4-те групи како и најдобрата второпласирана селекција.Покрај актуелниот светски првак Франција,директен влез на мундијалот во Јапонија ќе обезбедат и првите три репрезентации од ЕП 2018 како и селекциите што ќе го минат баражот.