КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ: ШКЕНДИЈА НА СТАРТОТ СО ТНС ОД ВЕЛС

Шампионот на Македонија за противник во стартното коло квалификации доби противник по мерка.За пласман во вториот круг од квалификациите за елитната Лига,Шкендија ќе игра двомеч со  Њу Сеинтс од Велс и на денешната ждрепка ги избегна незгодните Апоел,Видеотон или пак Шериф.ТНС доминира последните шест сезони на домашна сцена,но нема позабележетелен пласман во Европа.Мината сезона шампионите на Велс  беа декласирани од Ријека во 2.квалификациско коло.Шкендија која важи за фаворит ,две сезони по ред стигна до плеј-офот за Лига Европа.Милан и претходно Гент беа последната пречка за тетовци кон групната фаза.Во првите квалификации како македонски првак ,Шкендија пред 7 години беше елиминирана од белградски Партизан со вкупни 5-0. Натпревари од првото квалификациско коло ќе се играат на 10 и 11 јули, реваншите се закажани за  17 и 18 јули.Утре на ждрепката за Лига Европа,своите ривали ќе ги добијат Вардар,Работнички и Шкупи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ