Шведска доби пенал со ВАР и победа против Јужна Кореја (ВИДЕО)

Шведска успеа да слави победа од минимални 1-0 против Јужна Кореја во рамки на 1.коло од Групата Ф, во која уште играат и Мексико и Германија.

„Викизните“ мораа добро да се намачат против жилавиот противник, а единствениот гол беше дело на капитенот Андреас Гранквист од пенал во 65-тата минута.

Најстрогата казна беше доделена по интервенција на ВАР-технологијата. Фаулиран беше Клаесон, а откако главниот судија Хозе Агиљар најпрво остави играта да продолжи доби сигнал од контролната соба да ја прегледа ситуацијата на видео-снимка.

Потоа главниот судија оправдано покажа на белата точка, момент кој беше клучен на натпреварот и донесе три бода за селекцијата на Шведска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ