
Дисквалификувана победничката на Охрид ТрчаТ
Победникот на трката на 10 километри на атлетскиот митинг Охрид ТрчаТ 2018 Оливера Јевтиќ од Србија, е дисквалификувана поради кршење на натпреварувачките правила.
Имено, Јевтиќ во еден дел од трката не ја испочитувала насоката на движење и ја скратила патеката за 360 метри што било регистрирано од страна на официјалните судии. На Јевтиќ одземена и е победата, а за нов победник на трката на 10 километри жени прогласена е Андријана Поп Арсова, соопшти организаторот на Охрид ТрчаТ Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт. Втора е Миљана Ристиќ додека трета е Весна Кираџиева.
„Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ сака да ја извести спортската јавност пред се натпреварувачите дека секој еден учесник треба и мора да има ист третман и да ги почитува правилата без разлика за кого станува збор и без разлика која е разликата во квалитет“, се вели во соопштението од Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт.