
Трајковски го напушти МЗТ Скопје и се пресели во унгарскиот шампионат
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски го напушта таборот на МЗТ Скопје и од следната сезона ќе настапува во унгарскиот шампионат, во екипата на Пакс.
Центарот одигра добра сезона во таборот на „металците“ и беше помеѓу најдобрите кошаркари со 14,4 поени во просек во првенството и 13,1 поен по натпревар во АБА-лигата.
Неговиот договор со унгарскиот тим е во времетраење од една година и тоа за него ќе биде трето интернационално искуство по Чарни Слупск во Полска и косовскиот тим Сигал Приштина.