Буфон две години во ПСЖ за плата од 16 милиони евра

По 17 години верност кон Јувентус, Џанлуиџи Буфон го напушти Јувентус, а италијанските медиуми денеска информираат дека голманот се договорил со екипата на ПСЖ.

Според, „Кориере дело Спорт“, 40-годишниот Буфон вечерва или најдоцна утре ќе биде промовиран во нов член на „светците“. Италијанецот наводно се договорил за двегодишен договор со лични примања од осум милиони по сезона.

ПСЖ на Буфон ќе му биде само трет клуб во долгата кариера, по Парма и Јувентус и ова е негов последен обид да дојде до трофејот кој му недостига во креденецот – Лигата на шампиони.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ