
НБА: ГОЛДЕН СТЕЈТ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ
Кошаркарите на Голден Стејт победија на решавачкиот седми натпревар против Хјустон и се пласираа во НБА финалето каде ги очекува составот на Кливленд.Во мајсторката од финалната серија на Западот, Голден Стејт ноќеска на гости го победија Хјустон со 101:92. По традиција Вориорс одиграа феноменална трета четвртина а тандемот Кевин Дурент – Стеф Кари постигна повеќе од половина поени.Кај тимот од Оукленд. Дурент заврши со 34 поени , по пет асистенции и скокови, Кари беше блиску до трипл дабл, 27 поени, 10 асистенции и девет скокови. Во тредовите на Хјустон кој настапи без повредениот Крис Пол ,Џејмс Харден постигна 32 поени.На 31 мај во Оукленд ,Голден Стејт и Кливленд влегуваат во 4-то НБА финале по ред.