
НАДАЛ СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ ОД АТП ЛИСТАТА
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на врвот од АТП листата,откако вчера го освои турнирот во Рим и со 8770 бодови го престигна швајцарецот Роже Федедер.Во првите пет месеци од новата сезона тоа е четврто менување на врвот.На Мастерсот во Италија,Надал во три сета со 6-1,1-6 и 6-3 го победи во финалето Александар Зверев.Финалистот од Рим остана на 3-та позиција.Чилиќ на сметка на Димитров се проби до 4.место .Зад бугарскиот тенисер,во топ 10 позиционирани се Дел Потро,Андерсон,Тим,Гофан и Изнер. Поранешниот прв светски рекет,србинот Новак Ѓоковиќ е надвор од водечките 20 за прв после 2006 година.