
ПСЖ го претстави новиот тренер
Германецот Томас Тухел и официјално е нов тренер на ПСЖ.
Тој доаѓа на местото на Унаи Емери, кој и покрај фактот што сезонава ги освои сите три трофеи во францускиот фудбал, не доби продолжување на соработката најмногу поради раната елиминација во Лигата на шампиони. Т
ухел потпиша двегодишен договор и со него „светците“ се надеваат дека ќе дојдат до европската круна. Стратегот, кој има 44 години претходно работеше пет сезони во Мајнц, а потоа и две сезони беше на клуупата на Борусија Дортмунд со која стигна до трофејот во германскиот Куп.