
ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ:БЛОКОТЕХНА ИЗЕДНАЧИ НА 1-1 СО МЗТ
Блокотехна успеа да ја прекине негативната серија во последните мечеви со МЗТ и со резултат 106-94 избори победа во вториот дуел од полуфиналната плеј оф серија за изедначување на 1-1.
Тимот од Гевгелија го искористи домашниот терен.Екипата на тренерот Марјан Илиевски одигра одличен меч со водтсво од првата до последната минута.Блокотехна ја заврши воведната четвртина со 31-23,на полувремето имаше 59-45 и во пресрет на завршните 10 минути 83-67.МЗТ во последната четвртина имаше обид за пресврт ,но успеа само да ја ублажи неочекувано високата предност на Блокотехна . Двејн Бенџамин беше незапирлив за гостите од Скопје и постигна 31 поен за Блокотехна на кои додаде седум скокови и три асистенции, Мијатовиќ реалзираше 20, а Главчев 16 поени.Кај МЗТ Скопје најдобри поединци беа Соколов со 16, Симоновски со 14 и Лалиќ со 12 коша.Третиот натпревар ќе се игра в недела во СЦ Јане Сандански.
Блокотехна | 31 | 28 | 24 | 23 | 106 |
---|---|---|---|---|---|
МЗТ Скопје | 23 | 22 | 22 | 27 | 94 |