„Вардарки“ отпатуваа за Будимпешта на Ф4 турнирот во ЛШ

Ракометарките на Вардар од денеска се во Будимпешта, каде викендов ги очекува завршницата во Лигата на шампиони.

По петти пат „црвено-црните“ се на фајнл- фор турнирот во елитата и веројатно последен, барем во догледно време, поради  најавената реконструкција на тимот. Речиси сите првотимки си заминуваат, но останува желбата да се простат од дресот на Вардар со европската круна.

Она што не им успеваше изминатите четири години, „вардарки“ ќе се обидат да го направат сега за да го впишат своето име во македонската спортска историја крај Кометал Ѓорче Петров, кој трофејот го подигна во 2002 година.

Во првите три учества во Будимпешта, Вардар го освојуваше третото место, додека лани направи чекор понатаму, но загуби во финалето од Ѓер со 31-30 дури по продолженијата. Овој пат логично е да очекуваме уште еден чекор напред и конечно титула во петтиот обид.

Потфатот воопшто нема да биде лесен, бидејќи во сабота во полуфиналето нашиот тим се среќава со руски Ростов Дон, додека второто полуфинале е Букурешт против Ѓер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ