МЗТ ПОБЕДНИЧКИ ЈА ОТВОРИ ПОЛУФИНАЛНАТА СЕРИЈА СО БЛОКОТЕХНА

МЗТ Скопје во улога на тим што го брани насловот ја оправда улогата на фаворит во тешко извојуваните 80-74 над гостите од Гевгелија.Во серијата подобар  до три победи,МЗТ на домашен терен стартуваше со  23-17 во првата четвртина и на полувремето ја задржа предноста од 6  поени.Во продолжението,Блокотехна покажа дека не случајно сезонава на два пати славеше над МЗТ и успеа да внесе немир кај шампионот со  пресвртот и водтвсо од 58-57 како најава за неизвесни, завршни 10 минути.МЗТ со серија од 8-0  ја направи решевачката разлика во  финалната четрвтина за победнички старт на плеј-офот. Најдобар поентер кај МЗТ Скопје беше Марко Симоновски со 27 поени( 9 тројки), 17 постигна Бојан Трајковски. Кај Блокотехна, Ѓуроски уфрли  21 кош , а Мијатовиќ 16. Вториот меч ќе се игра в петок во Гевгелија.Утре стартува полуфинална серија помеѓу Работнички и Куманово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ