
КЛИВЛЕНД ПРВ ФИНАЛИСТ НА ’’ИСТОКОТ’’
Екипата на Кливленд ќе игра за титулата на Источната конференција во НБА лигата четврта година по ред, откако без загубен меч со 4-0 ја заврши полуфиналната плејоф серија против Торонто Во четвртиот натпревар, Кавалирс ги поразија Репторс со 128:93.Леброн Џејмс повторно беше лидер на Кливленд а синоќа постигна 29 поени и 11 асистенции. Кевин Лав додаде 23 поени.Кај Торонто Јонас Валанчунас постигна 18 поени.Кливленд го очекува подобриот од полуфиналната серија помеѓу Филаделфија и Бостон. Филаделфија предводена од Дарио Шариќ со неговиот плеј-оф рекорд од 25 поени и 19-сетте на Ти Џеј МекКонел победи 103-92 и намали на 1-3 против Селтик.Џејсон Тејтум постигна 20 поени за Бостон.Во полуфиналето на Западот ,Голден Стејт води со 3-1 против Њу Орлеанс, Хјустон има идентична предност над Јута.