
НАДАЛ ПО 11 ПАТ ЈА ОСВОИ БАРСЕЛОНА,172 НЕДЕЛА НА ВРВОТ ОД АТП ЛИСТАТА
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја продолжи победничката серија од настапите на земјени терени и се одржува на водечкото место од Светската ранг листа.Надал кој во финалето на турнирот во Барселона во два сета со 6-2 и 6-1 го порази Стефанос Циципас,ја забележа 19 победа по ред и вкупно 401 на црвената подлога, наметнувајки се како прв фаворит за РГ.После 11 трофеј од Барселона,шпанскиот тенисер ја почна 172 недела со 100 бода повеќе од Роже Федерер на врвот од АТП листата.Трет и натаму е Александар Зверев.Нема промени и на другите позиции од Топ 10.Чилиќ,Димитров,Дел Потро,Тим,Андерсон,Изнер и Гофан го задржаа пласманот од 4 до 10 место.