НБА ПЛЕЈ-ОФ: МИЛВОКИ ИЗБОРИ МАЈСТОРКА СО БОСТОН

Кошаркарите на Милвоки обезбедија 3-3 со Бостон во првиот круг од плеј-офот на Источната конференција.Бакси славеа со 97-86.Централна фигура на теренот кај Милвоки беше Јанис Адетокумбо со 31 поен и 14 скокови.Тој имаше помош од Мидлтон и Брогдон кои поделија по 16 коша.Кај Бостон најдобар поединец беше ’’рукито‘‘ Џејсон Тејтум со 22 поени.Мајсторката е закажана за 28.04 во Бостон Арена.Победникот од серијата меѓу Милвоки и Бостон,во полуфиналето   ќе се сретне со Филаделфија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ