Надал е неприкосновен шампион на Монте Карло

На Рафаел Надал му беа потребни само час и половина за да дојде до 11-тата титула на мастерсот во Монте Карло, откако го совлада Кеи Нишикори во големото финале.

Шпанецот и натпреварот за титулата го одигра како и целиот турнир, фуриозно и без да му даде никаква надеж на противникот и славеше со 6-3 и 6-2. Надал е во неверојатна серија од 36 освоени сетови по ред на земјена подлога, а за него ова е вкупно 31 мастерс титула. Нишикори се надеваше дека може да дојде до својата прва титула на мастерсите во четвртото финале, но ќе мора да чека друга шанса.

Надал од утре останува на првото место на АТП-ранкингот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ