АТП МАСТЕРС МОНТЕ КАРЛО: НАДАЛ И НИШИКОРИ ЌЕ ИГРААТ ЗА ТИТУЛА

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и јапонецот  Кеи Нишикори    ќе играат во финалето на  турнирот од Мастерс серијата што се одржува во Монте Карло.Во првото полуфинале,Надал за 92 минути игра во два сета со 6-4 и 6-1 го победи бугаринот Григор Димитров и по 12 пат се пласираше во завршниот меч на турнирот во Монако каде е рекордер со 10 титули.Во одбрана на насловот,Надал  во финалето ќе игра против  Кеи Нишикори.Јапонецот во второто полуфинале со 2-1 во сетови (3-6,6-3 и 6-4)  го совлада  Александар Зверев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ