Вардар против Нексе по рекорд во СЕХА

Ракометарите на Вардар во СЕХА-лигата денеска против Нексе ќе ја бркаат рекордната 17-та победа.

Овој дуел е воедно последен за „црвено-црните“ од регуларниот дел од сезоната, а првото место беше обезбедено уште пред три натпревари.

Засега рекордот во СЕХА-лигата по бројот на победи и освоени поени го има Веспрем, кој лани финишираше со 16 победи и две ремија, што значи дека со евентуална победа денеска Вардар ќе има 17 победи и само едно реми, она на гости кај Брест Мешков.

Нексе е тим кој не би требало да претставува сериозна пречка за момците на Раул Гонзалес со оглед на фактот дека хрватскиот претставник сезонава освои само девет бодови, односно има запишано само една победа и шест ремија.

Вториот македонски претставник Металург утре му гостува на Татран Прешов во рамки на претпоследното коло, додека сезоната ја завршува на домашен терен во недела против Целје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ