Триумф на Хамилтон во Франција

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Франција што се возеше на патеката Пол Рикар.

Во осмата трка од шампионатот Хамилтон стигна до шестиот триумф. Британецот стартуваше од пол позицијата, а на целта пристигна со 18 секунди предност во однос на тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас. Третото место му припадна на Шарл Леклерк од Ферари.

Макс Ферстапен настапот во Франција го заврши како четврти, Себастијан Фетел е петти, а бодови освоија уште Карлос Саинс, Даниел Рикиардо, Кими Ракиконе, Нико Хулкенберг и Ландо Норис.

Во генералниот пласман Хамилтон води со 187 бода пред Ботас со 151 и Фетел со 111. Во конкуренција на коструктори на чело е Мерцедес со 338, а Ферари на втората позиција до сега освоил 198 бода.

Следната недела на програмата е трката за Големата награда на Австрија.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ