
Ф1 КИНА: ПОБЕДА НА ХАМИЛТОН,ДОМИНАЦИЈА НА МЕРЦЕДЕС
Актуелниот шампион Луис Хамилтон влезе во Ф1 историјата како победник на јубилејната трка број 1000 што беше и негов 75 триумф во кариерата.Британецот кој имаше среќен викенд во Бахреин ,денеска доминираше на патеката во Шангај ,а успехот на Мерцедес на 3 трка од сезоната го заокружи Валетри Ботас во пласман на 2.место по заостанување од 6,5 секунди.Фетел на Ферари финишираше на 3 позиција.Најдобрите десет ги комплетираат Макс Ферстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Ред Бул), Данилер Рикардо (Рено), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Кими Раиконен (Алфа Ромео) и Алекс Албон (Торо Росо), кој освои еден бод иако стартуваше од пит-стопот. Во пласманот води Хамилтон со 68 бодови.Втор е Ботас со 62. На третото место е Ферстапен со 39,два бода повеќе од Фетел.Наредната 4.трка од сезоната ќе се вози на 28. април во Азарбејџан.