Продолжува серијата порази на Денвер на турнејата по Истокот, Водечката екипа во Западната конференција, Голден Стејт славеше против Феникс и ја зголеми предноста во однос на најголемиот конкурент.

Филаделфија го совлада Денвер со 117:100 и на противникот му го нанесе третиот последователен пораз. Најефикасен во победничкиот тим со 34 поени беше Џеј Џеј Редик, Џими Батлер додаде 22 поени и седум скока додека Џоел Ембид имаше учинок од 15 поени и 12 освоени топки под обрачите.

На Денвер не му помогна ниту блескавата партија на Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 27 поени, 10 скока и исто толку асистенции, а Џим Мареј впиша 23 поени и шест додавања.

Голден Стејт славеше на гостувањето во Феникс со 117:107. Клеј Томпсон постигна 25 поени, Кеви Дурент имаше 21 поен и осум скока, а Стеф Кари додаде 20 поени и седум асистенции. На спротивната страна Кели Убре имаше учинок од 25 поени и 12 скока.

Од останатите дуели ги издвојуваме триумфот на Милвоки од 122:107 во мечот против Далас, Њу Орлеанс забележа победа од 122:117 над Минесота додека Вашингтон го совлада Кливленд со 119:106.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ